Организација
Боттега Евенти е компанија која ги следи европските стандарди во организацијата на настани. Kонтинуирано, од почетоците до сега, инвестираме во тоа.
Локално, воведуваме нови трендови, кои сакаме да прераснат и на глобално ниво. Потребата од новитети понекогаш не наведува да стапнеме на нови неистражени терени.
За да го достигнеме нивото од 10 најдобри event management компании во земјава, потребно е исполнување на овие квалификации: широка визија, јасен концепт, опширно познавање на потесната и пошироката средина, добар тим, добро функционирање со останати тимови, прецизно и коректно работење, доследност, вродена и развиена креативност.